Клоп: Фудбалот не оди во вистинска насока, ако го претвориме во борење…

Ливерпул славеше против Барнли со 2-0 во 2. коло од Премиерлигата. Јирген Клоп е задоволен со освоените три бода, но не и со тоа што го видел на теренот, посебно од противниците и судиите.

Германскиот стратег посочи на грубата игра каква Барнли демонстрирал која ја претвора Премиерлигата во боречки спорт, посебно ако судиите понатаму го дозволат тоа.

Мајк Дин не покажа ниту еден жолт картон на вчерашниот натпревар, во мечот кој Клоп вели дека го уништува фудбалскиот дух.

„Секогаш треба борба на терен, но ова беше навистина грубо. Не сум сигурен дали одиме во вистинска насока со фудбалот, ова не е фудбал кој сакаме да го гледаме. Мора сето ова да се промени“ – вели Клоп и дополнува:

„Се почна со промената на правилата за заштита на играчите. Сакаме играта да тече, но постојат ситуации кои мора да се санкционираат. И мене ми се допаѓаат одлуките кои се носат во корист на офнзивниот тим, но и мора да се заштитат фудбалерите. Ако боречки работи на терен ви се допаѓаат тогаш гледајте борење. Како може да се заштитиме ние од стартови какви имаа фудбалерите на Барнли? Јас тоа никогаш не би го дозволил. Не размислувам само јас на овој начин, тоа е здрав разум“.

Се вчитува...