Клоп ги избра патниците за клупското СП во Катар

Јирген Клоп го објави списокот од 23 фудбалери кои ќе бидат дел од клупскиот Мундијал во Катар кон средината на месецов.

На списокот со патници за Доха го немаше повредениот Фабињо, но и дефанзивецот Матип, кој очигледно многу побавно се рехабилитира од повредата што ја заработи пред повеќе од еден месец.

Интересно е што Клоп реши да ги повика и најдобрите четири младински фудбалери на Ливерпул, Брустер, Џонс, Елиот и Вилијамс, иако во истиот период „црвените“ во лига-купот ќе треба да се сретнат со Астон Вила, меч на кој Ливерпул е принуден да настапи со својата втора екипа.

СОСТАВ НА ЛИВЕРПУЛ: 

Алисон Бекер, Ван Дајк, Вајналдум, Ловрен, Милнер, Кеита, Фирмино, Мане, Гомез, Адријан, Салах, Хендерсон, Лалана, Окслејд-Чембрлен, Шакири, Робертсон, Лонерган, Брустер, Ориги, Џонс, Александер-Арнолд, Елиот, Вилијамс.

Се вчитува...