Клоп ги пушта „децата“ во битка со Евертон

Ливерпул денеска игра градско дерби со Евертон во третото коло од ФА Купот, но Јирген Клоп уште еднаш покажа дека куп-натпреварувањата не се негов приоритет. Свесен дека голем дел од „ѕвездите“ на Ливерпул се изморени, германскиот стратег се реши за стартен тим преполн со млади фудбалери.

Јапонецот Минамино ќе дебитира по трансферот од Салцбург, а од поиускусните играчи тука се уште голманот Адријан, потоа Ориги, Милнер, Лалана и Џо Гомез. Ливерпул денешниот натпревар ќе го стартува со следните единаесет фудбалери: Адријан, Неко Вилијамс, Гомез, Филипс, Милнер, Лалана, Чиривела, Минамино, Џон, Елиот, Ориги.

На клупата од поискусните фудбалери се наоѓаат Мане, Хендерссон и Окслејд Чембрлен, што значи дека овој натпревар од трибините ќе го следат Салах, Алисон Бекер, Ван Дајк, Александер – Арнолд, Вајналдум, Робертсон…

Се вчитува...