Клоп го изнафали Жота: Тој е соврешен за клуб како Ливерпул

Ново коло и нови 4-0 на Ливерпул. Овој пат високата победа на „црвените“ беше остварена над Саутемтон, а еден од најзаслужните за неа беше Диого Жота кој со два гола во првото полувреме го скрши отпорот на гостите. Португалецот стрелаше во 2. и 32. минута, а со тоа го отвори патот и за головите на Тијаго и Ван Дајк.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по мечот не го криеше задоволството од убедливата победа, а имаше и пофални зборови за Португлецот кој на 16 одиграни натпревари оваа сезона забележа осум погодоци.

„Неверојатен играч и неверојатен човек. Тој е совршено засилување бидејќи има се што му е потребно за да игра за Ливерпул. Технички вештини, физички подготвен, многу паметен и човек кој брзо учи. Исто така, може да игра и на повеќе позиции и нам ни е огромна корист. Брз е, лесно решава ситуации во своја корист. Неговиот учинок е импресивен“, изјави германскиот стратег.

Се вчитува...