Клоп го носи „чудото од дете“ од Чешка

Чешкиот фудбалер Адам Хложек е на мета на многу големи клубови, а се чини најголеми шанси се даваат на Ливерпул. Тренерот Клоп во него гледа огромен потенцијал во иднина, и подготвен е да го ангажира.

Хложек роден 2002 година, во моментов игра во дресот на Спарта, а може да игра на сите позиции во нападот, и како крило, и како шпиц. На 19 години запиша 12 настапи за сениорите на Чешка, и постигна еден гол.

Неодамна неговиот тим Спарта одби понуда од 20 милиони евра, што значи дека бара многу повеќе за неговиот потпис. Според информациите, Ливерпул ќе се обиде со 30 милиони да го пресели на „Енфилд“.

Наводно за Хложек бил заинтересиран и тимот на Лајцпиг. Оваа сезона за Спарта одигра 27 меча, а на 23 учествувал директно кон головите. Постигнал шест гола, со 12 асистенции и изборил пет пенали.

Се вчитува...