Клоп го прозиваше Рој Кин: Дали ова ти беше хаотично!?

Ливерпул славеше со 3-1 против Арсенал во дерби-пресметката до 3. коло во Премиерлигата.

По мечот, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го коментираше и ставот на поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Рој Кин, дека играта на „црвените“ донекаде била невешта без идеја и хаотична.

„Дали Кин кажа дека сме имале хаотично издание вечерва? Мора да гледал некој друг натпревар, ништо тука не беше невешто и хаотично. Овој натпревар беше одличен. Фудбалот кој го игравме беше навистина извонреден“ – рече Клоп.

 

Се вчитува...