Клоп: Им испратив една долга порака на играчите по дебаклот од 7-2

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри дека им испратил една долга СМС порака на своите играчи по дебаклот против Астон Вила од 7-2.

Беше тоа еден од најтешките порази во историјата на Ливерпул, посебно неочекуван поради доминантните изданија на „црвените“ последниве години.

„Ноќта по тој натпревар не беше баш најдобра за мене, па се разбудив многу рано утрото и знаев дека мора да зборувам со момците, но не беа тука. Па, им испратив една долга порака која ги сумираше моите мисли по еден таков пораз, и се чувствував многу подобро. Знаев дека може да продолжиме понатаму. Сега сме тука, никогаш не сакаш да ти се случи такво нешто но некогаш и таков пораз може да биде корисен. Имаме шанси да го покажеме тоа против Евертон“ – вели Клоп.

Се вчитува...