Клоп им одговори на критичарите: Воопшто не ми е грижа…

Уште само четири победи и Ливерпул и математички би ја осигурал титулата во Премиерлигата, со што ќе се стави крај на 30-годишното чекање на англискиот наслов.

Сепак, постојат и такви кои ете токму оваа сезона се најдоа да кажат дека Премиерлигата била слаба и тоа е единствената причина зошто Ливерпул доминира. Во пресрет на денешното гостување на Ватфорд, Јирген Клоп одговори и на овие тврдења.

„Воопшто не ми е грижа што зборува таму некој… Ниту еден навивач на Ливерпул не треба да се оптоварува со тоа. Ако останатите така мислат, ако мислат дека Сити е слаб тим, не знам што да кажам. Сити го победува Реал Мадрид, Тотенхем и Челси играат во елиминациската фаза од ЛШ а некој тука објаснува глупости. Во Англија и останатите натпревари се секогаш тешки, без разлика дали играш и против, условно, послабите екипи“ – вели Клоп.

Се вчитува...