Клоп има проблем – се повреди клучен фудбалер на Ливерпул

Ливерпул остана без два планирани бода, па сега европскиот првак би можел да биде елиминиран од ЛШ доколку во последното коло загуби во Салцбург. Сепак, Јирген Клоп на прес-конференцијата по синоќешниот дуел со Наполи не беше толку загрижен за конечниот исход на мечот колку за повредата што ја заработи Фабињо.

Бразилскиот ас, кој е клучен играч на „црвените“ сезонава, настрада при еден дуел со Лозано, не се опорави ниту по лекарската помош на теренот, па мораше да биде заменет уште во првото полувреме.

„Да бидам искрен, не сум разочаран поради загубените два бода, мислите ми се со Фабињо. Не би можел да кажам ниту моја прогноза, само дека се надевам дека повредата не е премногу сериозна. Во следните денови ќе знаеме поточно за што станува збор“, изјави Клоп.

Останува да се види дали Бразилецот ќе се рехабилитира за да може да настапи за „црвените“ на клупскиот мундијал во Катар што ќе се одржи кон средината на следниот месец.

Се вчитува...