Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул одново ќе купува во Бундеслигата. Најновата желба доаѓа од Ајнтрахт Франкфурт, тим кој што ја елиминираше Барселона во Лигата на Европа.
Станува збор за дефанзивецот Еван Ндика, 22-годишниот фудбалер кој имаше одлична сезона. Ндика се најде на „радарот“ на неколку гиганти, а прв кој тргнува е токму тимот од Енфилд.
Вредноста на играчот во моментов се проценува на 28 милиони евра, а има договор со Ајнтрахт до 2023 година, па можеби ова е последна шанса тимот од Франфкурт да ја наполни касата.
Познато е дека Клоп во минатото пазареше во Германија. Тој во Ливерпул од Германија ги донесе Фирмино, Тиаго, Кеита, Матип и Конате.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА