Клоп ја укина забраната што ја воведе во 2016 година

Ливерпул по единаесет години пауза се врати на тронот на фудбалска Европа, а Јирген Клоп ги „награди“ своите фудбалери со укинување на забраната што им ја воведе во 2016 година. Станува збор за знакот „This is Anfield” што стои во тунелот кон соблекувалните и кој фудбалерите на Ливерпул низ годините редовно го допирале пред да излезат на терен.

Клоп им го забрани тоа во 2016 година, со образложение дека за да го допрат тој знак треба да освојат нешто и да станат дел од историјата на Ливерпул. Единствениот што смееше да го допре беше капитенот Џордан Хендерсон, кој имаше трофеј со Ливерпул во лига-купот во 2012 година, но по големиот успех во Мадрид сега забраната повеќе не е на сила.

„Тоа е знак на респект. Јас го допрев кога дојдов како тренер на Борусија и загубивме со 4-0. Тој знам ќе го допреме дури откако ќе освоиме нешто важно, бидејќи ова е навистина голем клуб“ – истакна Клоп пред три години.

Се вчитува...