Клоп: Какво е ова ср.ње прашање!?

Не е тајна дека Јирген Клоп одговара често на новинарските прашања без влакна на јазикот. Така беше и по побадата на Ливерпул на гостувањето против Вулверхемптон.

Многумина ги споредуваат „црвените“ со онаа генерација на Арсенал која беше нарекувана „Непобедливи“, со тоа што на оваа екипа од Енфилд роуд и се наметнува прекарот – „Неизбежни“. Токму тоа беше прашање и за Клоп: Што мисли за новиот прекар на неговиот тим? А, следеше брутален одговор…

„Уште пред да прашаш знаеше дека тоа е срање прашање, а сепак го постави“ – рече без размислување Клоп и продолжи:

„Никогаш претходно не сум слушнал за тој збор. Не знам ни што значи. Што е неизбежно? Значи ли дека ќе се случи? Што се однесува до мене математички се уште не сме обезбедиле ниту место во Лигата на шампионите, а за она другото уште е далеку“.

Се вчитува...