Клоп ќе добие „подарок“ од Ливерпул во последниот ден од преодниот рок

Ливерпул е на добар пат да го осигура и четрвтото засилување за средниот ред, за комплетирање на ремонтот на овој дел од тимот на Јирген Клоп по бројните заминувања од „Енфилд роуд“ летово. „Црвените“ веќе ги ангажираа Мекалистер од Брајтон, Собослаи од Лајпциг и Ендо од Штутгарт, а квартетот засилувања би требало да биде комплетиран денеска, со потписот на Рајан Гравенберх од Баерн Минхен.

Холандскиот репрезентативец дојде во Минхен минатото лето како големо засилување од Ајакс, но не доби соодветна шанса да ги покаже своите квалитети. Тухел веќе стави до знаење дека нема намера да му даде првотимски статус, што придонесе Гравенберх пред крајот на преодниот рок да инсистира на заминување од „Алијанц Арена“.

Ливерпул ги интензивираше преговорите со фудбалерот договорајќи се за четиригодишна соработка, а во завршна фаза се и преговорите со Баерн Минхен. Двата клуба имаат перфектни односи од претходните трансфери на Тијаго Алкантара и на Садио Мане, баварскиот гигант бара 35 милиони евра и се очекува „црвените“ да се согласат на таква исплата за да му обезбедат „подарок“ на Јирген Клоп пред самиот крај на преодниот рок.

Се вчитува...