Клоп: Ќе си заминам јас или дел од играчите

Ливерпул во последното коло од Премиерлигата го претрпе и шесттиот пораз во сезоната откако загуби со 3-0 од Брајтон. Тоа ги доведе „црвените“ во деветтото место на табелата со 19 бода заостанување од лидерот на табелата Арсенал, односно девет бода од местата кои водат во Лигата на Шампиони следната сезона.

Јирген Клоп видно незадоволен од ситуацијата во клубот говореше за неговата иднина на „Енфилд“ за која постои неизвесност. Според германскиот стратег до промена ќе дојде, но не знае дали ќе замине тој или дел од играчите.

„Или ќе се промени позицијата на тренерот или ќе се променат многу други работи. Значи, што е до мене јас нема да си заминам ако некој друг не ми каже. Тоа значи дека во некој момент ќе мораме да менуваме други работи. Ќе видиме што ќе биде, но тоа е за иднината. За летото, не сега. Имам простор и време да размислам за тоа. Но, мораме веднаш да играме подобро“, изјави Клоп.

Се вчитува...