Клоп: Кога ја би бил Џејмс Бонд…

Јирген Клоп е фокусиран експресно да го врати Ливерпул на победнички патеки во Премиер-лигата по ремито со Брентфорд, но задачата не е нималку лесна ако се знае дека „црвените“ в недела ќе го пречекаат англискиот првак Манчестер Сити.

Светски познатиот актер Даниел Крег денеска говореше во суперлативи за стратегот на Ливерпул, истакнувајќи дека може да биде „идниот Џејмс Бонд“, но германскиот стручњак имаше интересен одговор кога на денешната прес-конференција беше прашан на оваа тема.

„Јас би бил многу лош Џејмс Бонд. Замислете ме како излегувам од вода, цел свет би го исклучил телевизорот на тој кадар. Сите си имаме свои работи во животот, Џејмс Бонд го спасува светот, јас сум тука да му помогнам на Ливерпул“, истакна Клоп.

Се вчитува...