Клоп: Кога се основаше Суперлигата цел свет се крена на нозе, сега Њукасл е Суперлига сам за себе

Њукасл Јунјтед стана убедливо најбогатиот клуб на светот откако саудискиот инвестициски фонд за 305 милиони фунти го откупи од поранешниот газда, а сега располага со буџет кој достига 320 милијарди долари.

Јасно е дека оваа продажба ќе ја промени фудбалската карта, а на оваа тема говореше и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Германскиот стратег го спореди Њукасл со Суперлигата, и напомена дека тој сега сам по себе претставува Суперлига.

„Мислам дека е јасно дека Њукасл ќе биде суперсила. Тоа е третиот клуб на светот кој е во власништво на некоја држава со тоа што сега тој припаѓа на најбогатата фамилија на планетата. Можностите кои ги имаат се неверојатни. Кога се основаше Суперлигата целиот свет се крена на нозе и беше против идејата, а сега имаме Суперлига практично за само еден клуб. Њукасл сигурено ќе доминира во европскиот фудбал во следните дваесет или триесет години“, вели Клоп.

Се вчитува...