Клоп: Комјунити шилд? Не сакам да играм ваков натпревар по само две недели подготовки

Во натпреварот за трофејот во Комјуните Шилд, Ливерпул ќе игра против Арсенал денеска од 17:30 часот како еден вид најава за новата сезона на Островот.

Битката меѓу тимовите кои ги освоија титулите во Премиер-лигата и ФА Купот треба да го означи почетокот на новата сезона, иако овој пат во услови кои само претставуваат оптоварување за клубовите поради кратката пауза меѓу крајот на претходната и почетокот на новата сезона.

„Искрено, не сакам да играме еден ваков натпревар по само две недели подготовки. Ова ќе биде тежок предизвик и за нас и за Арсенал. Се обидовме да се подготвиме и да се мотивираме за еден ваков меч колку е можно подобро. Јасно е дека посакуваме победа, но и Арсенал ќе биде со истата желба“ – вели менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пред денешниот натпревар.

Се вчитува...