Клоп краде „ѕвезда“ на Челси, и тоа бесплатно

Ливерпул работи активно на засилувања за следната сезона, во завршна фаза се преговорите со Тимо Вернер од Лајпциг, а Јирген Клоп има уште еден „пеколен план“, да доведе извонредно засилување од Челси, и тоа без никаква отштета. Станува збор за Вилијан, извонредниот крилен офанзивец кој летово станува слободен играч и веќе најави дека ќе си замине од „Стемфорд бриџ“.

Барселона најчесто беше споменувана како негова следна дестинација, но каталонскиот гигант во меѓувреме ги промени приоритетите на пазарот и воопшто не испрати официјална понуда за да го доведе Бразилецот во својот табор. Клоп планира да го искористи тоа, па веќе почнал разговори со агентот на фудбалерот. Вилијан е заинтересиран за останување во Премиер-лигата, а фактот дека е слободен играч ќе му донесе и плата повисока од 100.000 фунти неделно.

Ливерпул е подготвен да ја покрие оваа сума и дополнително да ја засили конкуренцијата во тимот. „Црвените“ пред неколку сезони како слободен играч го доведоа Џејмс Милнер од Манчестер Сити, кој целосно ги оправда очекувањата на клубот. Доколку го успеат истото и со Вилијан, би завршиле огромна работа за дополнително засилување на тимот што сезонава газеше се пред себе во Премиер-лигата.

Се вчитува...