Јирген Клоп испрати честитки до Манчестер Сити за добиената битка во Премиерлигата. Неговиот голем ривал Пеп Гвардиола направи клучна замена и во игра го внесе Илкај Гундоган, кој режираше пресврт против Астон Вила.
Ваквиот исход беше доволен за „граѓаните“ да ја одбранат титулата од ланската сезона.
„Честитки до Манчестер Сити и Пеп Гвардиола. Благодарност до Астон Вила и Вулверхемптон кои одиграа сериозни натпревари. Сакавме да се радуваме, но тоа е што е. Направивме сè што е во нашите можности, момците го дадоа максимумот. Бевме рамо до рамо до самиот крај со најдобриот тим на светот. Тоа ме прави исклучително среќен и горд“, изјави Германецот.
Ливерпул веднаш ќе ги започне подготовките за финалето во Лигата на шампионите. Дуелот против Реал Мадрид за европската круна е закажан на 28 мај во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА