Клоп: Ливерпул не е клуб како Сити, Јунајтед или Челси да се засилува по секоја цена

Ливерпул новата сезона во Премиерлигата ја стартува в сабота со пресметката против новиот прволигаш Лидс.

„Црвените“ низ преодниот рок доведоа само еден фудбалер, левиот бек Констатинос Цимискас, на кого на Олимпијакос му платија 13 милиони евра. Ливерпул го сакаше и Тимо Вернер, се беше договорено, но клубот се откажа од трансферот вреден 65 милиони евра кога настапи кризита со коронавирусот.

Од друга страна, Манчестер сити до сега потроши 78 милиони евра, Јунајтед го купи Ван де Бек за 39 милиони евра но само што почна со купувањата, а Челси во тимот вложи 223 милиони евра.

„Иднината е неизвесна и ние не може да се залетуваме. Некои други клубови се однесуваат како да нема криза, но тоа го можат затоа што нивните сопственици се цели држави или олигарси. Ние сме еден сосема поинаков клуб и не сакаме и не можеме преку ноќ да станеме Сити, Јунајтед или Челси. Тие постојано се засилуваат, но не можеш да очекуваш дека ќе донесеш единаесет фудбалер кои преку ноќ ќе проиграат. Најважна е работата, а тоа е наша предност затоа што мислам дека совршено функционираме. Пред две години бевме во финалето на Лигата на шампионите, минатата година ја освоивме а оваа дојдовме до титулата во Премиерлигата затоа што продолживме да бидеме тоа што Ливерпул е“ – вели менаџерот Јирген Клоп.

Се вчитува...