Клоп: Лоша реакција на Нуњез, ќе мора да научи од грешката

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја коментираше реакцијата на неговиот играч Дарвин Нуњез кој наседна на провокацијата до играч на Кристал Палас, па со глава го удри противничкиот фудбалер, и поради тоа Уругваецот доби директен црвен картон.

За Клоп нема дилеми дека тоа беше црвен картон, и напомена дека ќе разговара со Нуњез за вакви грешки да не се повторуваат.

„Мала провокација, но дефинитивно погрешна реакција. Тоа беше чист црвен картон. Не можам да го негирам. Се надевам дека Дарвин ќе научи од ова. Не е добро ова што го направи во една ваква ситуација. Дефинитивно ќе разговарам со него“, изјави Клоп.

И покрај освоениот бод, Клоп на фудбалерите им рекол дека е горд.

„Им реков по натпреварот дека сум горд. Многу работи се случија во текот на неделата, натпреварот започна како што започна, тоа е играта која сакам да ја играме, само што мораме да реализираме почесто. Мислам дека вршевме одличен притисок и со играч помалку, а тоа не е често на фудбалските натпревари“, изјави Клоп.

Се вчитува...