Клоп лут: Ова не е нормално, катастрофа за Ливерпул и фудбалерите од Африка

Јирген Клоп ја критикува Афричката фудбалска федерација поради распоредот за натпреварите на Афричкиот куп на нации кој ќе се одржи следната година. Ливерпул тогаш ќе остане без тројца важни фудбалери, Садио Мане, Мохамед Салах и Наби Кеита.

Клоп е лут затоа што ФИФА не комуницирала со клубовите околу распоредот на овој турнир нагласувајќи дека сето тоа оди само на штета на афричките фудбалери.

„Не можам повеќе да го почитувам афричкиот куп на нации од тоа што го почитувам затоа што тоа натпреварување навистина ми се допаѓа. Но, проблем е кога турнирот се игра во текот на сезоната. Разбирам дека има смисла да се игра во зима, но постои проблем… Неколку недели пред Купот на нациите се игра и Светското клупско првенство каде исто така ќе има многу афрички фудбалери“ – вели Клоп и дополнува:

„Втора работа е што тоа воопшто не им помага на фудбалерите од Африка. Нема да ги продадеме Салах, Мане и Кеита затоа што имаат турнир сред сезона, иако тоа не е нормално. Тоа е катастрофа и за нив и за Ливерпул. Срамно и жално е што ФИФА воопшто не се консултира со клубовите, тренерите и фудбалерите околу сето ова“.

Се вчитува...