Клоп: Мбапе во Ливерпул? Секогаш се смееме на приказната

Трансфер сагата за иднината на Килијан Мбапе се уште трае, но со еден клуб помалку откако денеска тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги отфрли гласините за можен премин во редовите на 19-кратниот освојувач на Премиерлигата.

Германскиот стратег вели дека неговиот тим нема финансиски можности за трансфер на 24-годишниот голгетер, а само изненадување може да го доведе на „Енфилд“.

„Се смееме на таа приказна. Можам да кажам дека станува збор за многу добар играч, но финансиските можности не ни одговараат. Не сакам да ја уништувам приказната, но колку што јас знам таа не е вистинита. Меѓутоа може некој во клубот се подготвува да ме изненади. Се нема случено во моите осум години тука па тоа би било прв пат“, изјави Клоп.

Се вчитува...