Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон ќе го продолжи договорот со клубот од „Енфилд“ за уште три сезони. Меѓу навивачите на Ливерпул имаше страв дека Хендерсон може да го напушти клубот, а Атлетико Мадрид покажа интерес за неговите услуги, но нема да има ништо од тоа.
Еден од омилените „војници“ на Клоп, често спорен во минатото, ќе остане меѓу „црвените“ следните три сезони, ќе добие подобрен договор и можност да потпише договор за дополнителна година во зависност од бројот на одиграни натпревари. Дотогаш ќе има 35 години, а прашање е колкав придонес ќе има, и ако во овој момент е близу до оној на Милнер.
Политиката на клубот, што се виде во случајот со Вајналдум, е да не им се даваат скапи и долгорочни договори на играчи кои наполниле 30 години, што очигледно значи дека Хендерсон или е исклучок или условите не се ни блиску до барањата на Холанѓанецот.
Хендерсон пристигна во Ливерпул во 2011 година од Сандерленд за околу дваесет милиони фунти. Тој не беше меѓу омилените играчи за поддржувачите на овој клуб, но со текот на годините се етаблираше како еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер лигата и Европа. На крајот на краиштата, тој го предводеше Ливерпул до титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа, како и Светското клупско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА