Клоп: Можев да бидам неприкосновен со Баерн, но тоа не е суштината на фудбалот!

Јирген Клоп уште повеќе ги освои срцата на навивачите на Ливерпул откако обелодени дека во изминатите години одбил неколку понуди да го преземе кормилото на Баерн Минхен.

Баварскиот гигант во Германецот гледа идеален предводник на својот проект, но се е попусто кога Клоп има сосема поинаква визија за фудбалот од онаа на раководството на Баерн.

„Во последните години имав неколку понуди од Баерн и секогаш ги одбивав без премногу да размислувам. Искрено, немаше што да се размислува, ситуацијата беше јасна, можев да заминам во Минхен и да бидам неприкосновен таму. Сепак, за мене фудбалот не е клубот со најмногу пари да купи најскапи играчи и на тој начин да стигне до трофеј. Мојата визија е сосема поинаква, да се обидеш на тотално различен начин да стигнеш до врвен резултат, да се обидеш и на крајот да успееш. Тоа е мојата суштина за фудбалот, она кон што секогаш се стремам“, изјави Клоп.

Се вчитува...