Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истекнува дека уште ништо не е готово во борбата за трофејот во Премиер-лигата и покрај тоа што неговиот клуб има огромни „плус деветнаесет“ пред второпласираниот Манчестер Сити. „Црвените“ во средата славеа над Вест Хем со 0-2, а избраниците на Клоп не знаат за пораз сезонава во домашното првенство.
„Среќен сум бидејќи освоивме нови три бода. Беше нормална партија од моите фудбалери. Можевме да одиграме подобро, но на кого му е гајле“, изјави Клоп.
Во следното коло во Премиер-лигата, Ливерпул ќе се сретне со екипата на Саутемптон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА