Клоп му се изнасмеа на Гвардиола: Не знам што гледа, но она што го кажа не е вистина

Изјавата на Пеп Гвардиола дека цела Англија навива Ливерпул да ја освои титулата во Премиер-лигата го привлече вниманието на фудбалската јавност на „островот“.

На оваа тема денеска прокоментира и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој се изнасмеа на новинарското прашање да даде свој коментар за изјавата на Гвардиола.

„Искрено, не знам што гледа Пеп, но она што го кажа не е вистина. Можеби не ги следел нашите гостински натпревари, да види колку сите сакаат да го победат Ливерпул. Да бидеме реални, 50% од вас новинарите на оваа прес-конференција не сака Ливерпул да биде шампион, и тука нема ништо лошо. Знам дека тренерите на прес-конференциите некогаш се преимпресионирани од случувањата на натпреварите, не знам како Пеп се помирил со елиминацијата од ЛШ, додека ние се пласиравме во финалето, но она што го кажа за Ливерпул како фаворит на јавноста во Премиер-лигата дефинитивно не е вистина“, изјави Клоп.

Се вчитува...