Клоп најмалку еден месец без важен првотимец

Јирген Клоп се соочува со сериозен проблем откако остана без услугите на Жоел Матип, кој меѓу четири и шест седмици ќе биде надвор од терените. Камерунецот, кој беше избран за најдобар фудбалер за месец септември, ја обнови незгодната повреда на коленото за време на дербито со Манчестер Јунајтед, не настапи на последниот меч со Тотенхем, за синоќа да биде објавено дека проблемот воопшто не е наивен.

Одличниот дефанзивец нема да мора да оди на операција, но целосно ќе мирува најмалку 20 дена, за потоа да се види кога ќе може повторно да му се стави на располагање на Клоп. Тој дефинитивно ќе го пропушти големото дерби со Манчестер Сити што ќе се игра за две седмици, а неизвесно е дали ќе може да настапи на клупскиот Мундијал.

Во отсуство на Матип, Клоп ќе треба да донесе одлука, дали Дејан Ловрен или Џо Гомез да му прават друштво на Вирџил ван Дајк во срцето на одбраната на „црвените“ во наредниот период.

Се вчитува...