Клоп напиша писмо за навивачите на Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп објави порака упатена кон навивачите на „црвените“, откако Премиер лигата одлучи да го суспендира натпреварувањето поради пандемијата на коронавирус.

„Ова не е момент во кој мислите на еден фудбалски тренер се важни, но сакам нешто да им порачам на нашите фанови. Прво и најважно, сите мораме да го направиме она што е до нас како би се заштитиле. Така треба да биде секогаш во животот, меѓутоа сметам дека сега е поважно од било кога. Знам дека фудбалот е најважна споредна работа во светот. Денеска, сепак фудбалот и фудбалските мечеви не се воопшто важни. Секако дека не сакаме да играме пред празни трибини. Никој не сака да го сопре натпреварувањето, но ако тоа му помогне барем на еден човек да остане здрав ќе го направиме тоа. Ако изборот треба да биде меѓу фудбалот и здравјето, доброто на човештвото, тоа не е натпревар, навистина не е. Денешната одлука е донесена како би се заштитиле луѓето. Поради тоа во потполност ја поддржувам. Гледате дека членови на тимовите против кои игравме се болни. Сите тие се во нашите мисли, бидејќи никој во овој момент не знае каков ќе биде конечниот исход. Имајќи ја предвид ситуацијата во целиот свет, би било погрешно да се зборува околу било што освен во советотите на докторите како да се заштитиме. Ставето го здравјето на прво место, не преземајте никаков ризик. Пазете на себе и на другите“, напиша Клоп. 

Премиер-лигата ќе биде суспендирана најмалку до 3. април.

Се вчитува...