Клоп: Направивме историја, ама негативна

Ливерпул доживеа неверојатен пораз на гостувањето кај Астон Вила. Загуби со 7-2, што е најголемиот пораз во историјата од клубот од Бирмингем.

„Пред некое време рековме дека сакаме да направиме историја. Ја направивме, но за жал, во негативен контекст“, призна Јирген Клоп.

Тој сепак им честиташе на фудбалерите на Астон Вила за фантастичниот натпревар.

„Правевме се што не треба да правиме на еден натпревар. Честитки до Астон Вила, ги искористија нашите грешки и тоа на одличен начин. Првиот примен гол имаше големо влијание, ја забави нашата игра. Сме примиле таков гол и во минатото, но не очекував дека така слабо ќе реагираме. Едноставно се изгубивме. Би сакал да имаме тренинг со момците и да можеме веднаш да ги анализираме грешките, но тие имаат репрезентативни обврски. Се надевам дека ќе се вратат здрави и дека ќе продолжиме успешно по паузата“, изјави Клоп по синоќешниот дебакл од Астон Вила.

Се вчитува...