Клоп не дозволува заминување на Ориџи

Јирген Клоп нема да дозволи заминување на Дивичок Ориџи од Ливерпул оваа зима, пренесуваат англиските медиуми. Причината за тоа се настапите на Мо Салах и Садио Мане на Афричкиот Куп на Нации во јануари и почетокот на февруари кога „црвените“ ќе останат без клучните напаѓачи за важни дуели.

Белгискиот репрезентативец е „шеста опција“ во нападот на Ливерпул оваа сезона зад Салах, Мане, Жота, Фирмино и Минамино и сеуште чека да се најде во почетниот состав во англиското првенство каде одигра само 16 минути на 12. натпревари па јасна е неговата желба за промена на средината.

Интерес за услугите на Ориџи изразија неколку германски и англиски клубови. Еден од нив е и Њукасл кој по доаѓањето на саудиските газди цели кон составување на конкурентен тим за атак на Премиерлигата, а во голгетерот на Ливерпул гледа решение во нападот.

Се вчитува...