Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп кажа дека не е добар податок тоа што трансфер пазарот во Саудиска Арабија се затвора 20 денови подоцна од европскиот.
Европскиот трансфер пазар завршува на 1. септември, додека оној во Саудиска Арабија продолжува да трае, и тоа може да придонесе тимовите да носат играчи до 20 септември. Ова воопшто не му се допаѓа на менаџерот на Ливерпул, кој ова лето остана без Хендерсон, Фабињо кои се решија да заминат во Саудиска Арабија, а таму како слободен агент замина и Фирмино.
„Не е добро тоа што трансфер пазарот во Саудиска Арабија се затвора 20 денови подоцна од европскиот. Властите треба јасно да објаснат дека доколку сакате да бидете дел од системот, мора да работите како и сите други“, рече Клоп на прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА