Клоп: Не ме оптеретувајте со договорот на Салах, не ми е тоа важно

Преговорите на Ливерпул и Мохамед Салах за продолжување на соработката сеуште траат, а и покрај тоа што Египјанецот има уште повеќе од една година од актуелниот договор, „црвените“ сакаат да осигураат нов долгогодишен потпис со напаѓачот.

На оваа тема говореше и Јирген Клоп кој вели дека се фокусира само на она што напаѓачот го прикажува на теренот, а не како се одвиваат „бирократските“ работи.

„Немам што да кажам на таа тема. Јас не сум инволвиран во преговорите. Единственото нешто што ми е важно е како Мо изгледа на теренот, односно колква е неговата форма во моментот, а таа е прекрасна. Тој изглед прекрасно. Стварно немам што друго да кажам“, изјави германскиот стратег.

Се вчитува...