Клоп: Не можам да сфатам зошто во Англија сите се толку неодговорни околу коронавирусот

Премиер – лигата се врати на сцената, а Ливерпул треба да ја дозаврши мисијата и да ја освои шампионската титула. Менаџерот Јирген Клоп, како и секој Германец, е максимално посветен на мерките за заштита од пандемијата на коронавирусот и ги критикува граѓаните во Велика Британија дека воопшто не се одговорни кон почитување на правилата.

„Не можам да разберам зошто овде почнавме да носиме заштитни маски дури на 15 јуни, во некои други земји тоа веќе е задолжително 5-6 седмици. Можеме да спориме дали има ефект од нив, но факт е дека во земјите каде строго се почитува носењето на заштитни маски, смртноста е значително помала. Ако во Германија сакате да влезете во продавница без маска – нема да ве пуштат. Овде тоа не е случај, а јас се чувствувам како вонземјанин затоа што носам маска и ракавици во Англија. Ќе продоожам да го правам тоа се додека не биде објавен крај на пандемијата“, изјави Јирген Клоп.

Ливерпул вечерва го игра градското дерби против Евертон по рестартот на Премиер – лигата.

 

Се вчитува...