Зошто Ливерпул во „пет до дванаесет“ се откажа од Тимо Вернер

Тимо Вернер долго време флертуваше со Ливерпул, „црвените“ не криеја дека се заинтересирани за негов трансфер, но кога дојде време за реализација, актуелниот европски првак одби да ја плати сумата што Лајпциг ја бара за својот најдобар напаѓач. Во меѓувреме Челси влезе на сцената и се наоѓа пред ангажман на Вернер, но Јирген Клоп смета дека Ливерпул не треба да жали за овој трансфер бидејќи со него би си создал многу повеќе проблеми.

„Требаше воопшто да не се игра фудбал сезонава, па излезе дека ќе се доиграат преостанатите натпревари. Никој не знае уште колку време ќе бидеме без публика, што значи дека никој не знае колкави приходи ќе има клубот во следната сезона. Ќе нема продажба на билети, ќе нема ВИП места на „Енфилд“, работите ќе изгледаат малку поинакви. Затоа кај нас сега е тивко, ќе биде уште извесно време, бидејќи не сакаме да се доведуваме во ситуација да бараме од фудбалерите намалување на платите, а потоа да потрошиме 60 милиони евра на само еден играч. Тоа не би било коректно кон никого“, истакна Клоп.

Никој не знае уште колку долго ќе трае ваквата ситуација на терните ширум Европа.

„За да дојде некој играч, треба да се вклопат многу работи. Се однесуваме како се да е средено, се да е нормално, а вистината е дека сме далеку од тоа. Ние само го користиме овој мал простор што ни е даден за да играме фудбал. Тоа е одлично, но мораме да знаеме што ќе се случува во иднина. Не може да се однесуваме дека се ќе биде нормално во следната сезона, а вистината е сосема поинаква“, вели стратегот на Ливерпул.

Се вчитува...