Клоп: Не сакавме никого да понижиме, но…

Ливерпул стигна до првиот триумф сезонава во Премиер-лигата откако на домашен терен го понижи Бормут со 9-0 во натпревар од 4. коло од англиската елита.

Тренерот на „црвените“ Јирген Клоп по мечот изјави дека не сакал да го понижи противникот кого многу го почитува.

„Бевме многу добри, сакавме да покажеме реакција по поразот од Јунајтед. Да бидеме тоа што сме. Постигнавме прекрасни голови, а продолживме да ги постигнуваме кога мечот веќе беше решен. Не сакавме да го понижиме Бормут, имаме многу почит кон нив, но сакавме да видиме под колкав притисок можеме да ги ставиме нашите ривали. Би можел да внесам и млади играчи во играта, тие тоа го заслужуваат. Харви Елиот е посебен играч, постигна одличен гол. Сè беше горе-долу совршено“, изјави Јирген Клоп.

Се вчитува...