Клоп: Не сум губитник, би напишал и книга, но никој нема да ми ја купи

Јирген Клоп е максимално мотивиран за утрешната пресметка со Тотенхем, на која стратегот на Ливерпул ќе има можност да ја прекине серијата од шест порази во финалните натпревари. Три од овие шест порази Клоп ги претрпе како менаџер на Ливерпул (од Манчестер Сити во Лига-купот, од Севилја во Лигата на Европа и од Реал Мадрид во Лигата на шампионите), но Германецот е убеден дека неговиот тим е зрел за да го крене пехарот на утрешниот меч во Мадрид.

„Секој натпревар е поинаков, секој ривал… не сум среќен што имам загубено шест финалиња, но не сум ни премногу загрижен. Не се чувствувам како губитник бидејќи верувам дека остварувам добри работи со моите клубови“ – истакна Клоп.

Според Германецот, Ливерпул посакува ваков вид на натпревари за да го потврди својот победнички менталитет.

„Мојата кариера не била, ниту пак ќе биде несреќна. Би можел да напишал и книга, но никој нема да сака да ја купи… Мило ми е што играме ново финале, по Киев знаев дека ќе добијам нова шанса за пехарот, но искрено не верував дека тоа ќе се случи веднаш во наредната сезона. Победа над Тотенхем би покажала и колку сме напреднале во однос на лани, но нема да ни биде лесно бидејќи против себе исто така имаме тим што многу напредуваше во последните години“ – потенцираше стратегот на Ливерпул.

Се вчитува...