Клоп: Нема да купуваме нови фудбалери ова лето!

Јирген Клоп информираше дека Ливерпул нема да купува нови засилувања ова лето кое ќе остане препознатливо не само по „лудите“ трансфери на фудбалери ширум Европа, туку и по бројните промени на тренери во клубовите.

Германскиот стратег вели дека е задоволен од тимот кој го има, па затоа нема да има промени меѓу „црвените“ освен заминувањето на Џорџина Вајналдум во француски ПСЖ.

„Знам дека сите очекуваат ненакви нови засилувања, но кога се ангажираат нови фудбалери треба да направите добра анализа што навистина ви треба. А, нам што ни треба? Бек? Голман? Имаме добри фудбалери на сите позиции, и млади и доволно искусни кои треба да ги водат. Ги имаме Тијаго, Фабињо, Хендерсон, Кеита… Во нападот се Салах, Мане, Фирмино, Минамино, Ориги, Џо… Па, зошто тогаш само да се купува?“ – вели Клоп.

Се вчитува...