Клоп: Нема да се извинам на никого за мојот став за вакцинацијата

Јирген Клоп останува цврсто на ставот дека вакцинацијата е неопходен процес за победа над коронавирусот. Германскиот стратег пред дуелот со Њукасл истакна дека е горд што сите негови фудбалери, соработници од стручниот штаб, но и сите вработени во тренинг-комплексот се вакцинирани од Covid-19, по што се најде на удар кај дел од „анти-ваксерите“ во Велика Британија.

Тоа не го поколеба менаџерот на Ливерпул, кој повторно говореше на истата тема по дуелот со Њукасл што неговиот тим го доби со 3-1.

„Навистина не гледам зошто би се извинил на некого за мојот став околу вакцинацијата, без разлика колку тоа ќе ме направи непопуларен во одредени делови од општеството. Ако се сретнам со луѓе надвор од фудбалот кои ми велат дека не се вакцинирани, правам се што можам за да ги охрабрам да одат и да примат вакцина. Им велам – не ме слушајте мене, слушајте ги оние кои најдобро се разбираат од проблематиката, тоа се докторите. Игнорирај ги оние кои глумат дека знаат се, кои шират лаги и дезинформации. Она што јас го говорам не е моја имагинација, јас само го повторувам ставот на експертите, луѓе кои се постручни и попаметни од мене кога станува збор за медицината“, изјави Клоп.

Се вчитува...