Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во овој момент не е заинтересиран за првото место, кое Јунајтед го „презеде“ од „црвените“. Тој само сака овој викенд да го победи најголемиот ривал.
Формата на Манчестер Јунајтед најавува многу возбудлива трка за титулата. „Црвените ѓаволи“ пристигнуваат на „Енфилд“ како лидер во Премиерлигата со три бода повеќе од шампионот Ливерпул. Со одлични резултати ги престигнаа „црвените“ и за првпат сезонава се наоѓаат на чело на Премиер лигата.
„Тие ги добија бодовите што ги заслужуваат, ние ги добивме нашите, а сезоната треба уште да се игра. Играме на домашен терен против Јунајтед и сакаме да победиме. Триумф против Јунајтед е доволен сам по себе, не ви треба дополнителен мотив“, посочи Јирген Клоп.
Ливерпул е првиот клуб во историјата на Премиерлигата што го дочекува Божиќ како лидер на табелата три години по ред. Сепак, тој ја расипа таа позиција со последните резултати, па сега сериозно се заканија главните ривали Јунајтед и Сити. Меѓу големата конкуренција, тука сигурно се наоѓаат Тотенхем, Евертон и Лестер.
„Не размислуваме за други тимови, ниту за тоа како изгледа табелата во моментов, ние само се обидуваме да ги добиеме нашите натпревари. И за такво нешто, треба да играме на врвно ниво. Особено против Јунајтед“ – изјазви Клоп.
Ливепрул и Манчестер Јунајтед ќе играат овој викенд, а почетокот на натпреварот е резервиран за утре од 17:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА