Клоп: Никогаш не помислив дека е можно ова

Фудбалерите на Ливерпул ја забележаа 18. победа во низа во Премиер-лигата, откако славеа над Вест Хем со 3-2. Менаџерот на клубот Јирген Клоп е свесен за рекордот кој го поставија неговите играчи, но и самиот нагласува дека никогаш не помислил дека ќе успеат тоа да го направат.

„Никогаш не ни помислив дека на 11 натпревари до крајот ние ќе се наоѓаме во оваа ситуација. Рекордот е неверојатен, но јас никогаш не можев ниту да помислам дека тоа ќе се случи. Секој натпревар е тежок и не очекувам тоа да се промени до крајот. Многу сме блиску до трофејот, но треба да ја довршиме работата“, изјави Клоп. 

Ливерпул има неверојатни 22 бода позитива пред актуелниот шампион Манчестер Сити и е на одличен пат да стигне до трофејот во Премиер лигата по пауза од 30 години.

Се вчитува...