Клоп: Никој на светот не може да вика повеќе од мене

Јирген Клоп беше казнет со два меча и дополнителни 75.000 фунти поради неговите коментари за судијата Пол Тирни по победата на неговиот тим против Тотенхем од 4-3.

Сепак, Германецот посочи дека казната ќе ја плати само доколку парите одат во хуманитарни цели, а дека не постои човек на светот што може да вика повеќе од него.

„Никој не може да вика погласно од мене, сигурно ќе ме слушнат и од трибини ако не направат се како што треба. Ќе седам далеку, но ако натпреварот не е добар, можам да го сменам. Гласот се уште ме служи. Околу паричната казна ќе ја платам, но само ако парите одат во хуманитарни цели. Побарав од ФА да ме известат каде ќе отидат парите што ќе ги платам, се надевам дека ќе го сторат тоа наскоро“, изјави Клоп.

Се вчитува...