Клоп низ смеа: Кажуваа дека Тијаго не бил играч за Ливерпул, какви се тоа глупости…

Јирген Клоп ужива во формата на Ливерпул во последните месеци, „црвените“ веќе го освоија пехарот во лига-купот, се пласираа во финалето од ФА Купот, а до крајот на сезоната ги очекува и борбата за трофеите во Премиер-лигата и во Лигата на Шампионите.

Во главна улога на последните натпревари беше Тијаго Алкантара, шпанскиот ас кој пристигна пред две години од Баерн Минхен и почна да го прикажува она што навивачите го очекуваат од него.

„Само кога ќе се сетам какви глупости слушав… Дека Тијаго не бил играч за Ливерпул, дека со него нашата игра би била побавна, дека не можел да диктира темпо… Среќа е што тие луѓе само зборуваат и никој не ги сфаќа сериозно, а оние кои ги носат одлуките во нашиот клуб се многу подобро упатени. Вистината е дека ние верувавме во Тијаго, но и дека самиот играч сакаше да дојде во Ливерпул, од многуте заинтересирани тој го избра нашиот клуб. При секоја промена е потребно време, а со Тијаго проблемот беше што тој имаше една тешка, а потоа и неколку ситни повреди. Сега кога е здрав и може да игра во посакуваниот ритам, сите можат да видат за каков играч станува збор“, изјави Клоп.

Се вчитува...