Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека денешната победа над Њукасл со пресврт во последните десет минути од мечот е една најдобрите во неговата кариера.
Според Клоп овој триумф на „Сент Џејмс парк“ со десет играчи е поголема и од онаа легендарната над Барселона кога “црвените“ славеа во Лигата на шампионите.
Ливерпул денеска се до 81. минута имаше негатива од 1-0 против Њукасл, и играч помалку по исклучувањето на капитенот Ван Дајк уште во 28. минута. Но, потоа со два гола на Дарвин Нуњез дојде до триумф од 1-2.
„За мене ова е една од најдобрите победи во кариерата. Потешка и поголема и од онаа против Барселона бидејќи не игравме на ‘Енфилд’. И може само да кажам дека навистина уживав во неа. На полувреме им кажав на играчите дека можеме до пресврт. И да бидам искрен во повеќе од илјада мечеви во мојата кариера досега не сум видел вакво нешто со десет играчи на терен, и тоа против тим како Њукасл и во една таква зовриена атмосфера“ – истакна Клоп до денешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА