Клоп: Ова беше ужасно, се извинувам… не го ни бројам третиот гол на Вулверхемптон

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, со право беше разочаран по новото катастрофално издание на неговиот тим, поразот од 3-0 на гостувањето против Вулверхемптон.

„Црвените“ сега се со само еден освоен бод по првите четири одиграни премиерлигашки средби во новата година, во меѓувреме беа елиминирани и од ФА Купот на Англија, па се поочигледно станува дека Клоп е без решение за кризата во која тоне неговиот клуб.

„Ова беше ужасно, начинот на кој го почнавме натпревар, просто немам зборови. Сето она што го зборувавме и договаравме, во првите десетина минути одигравме спротивно на тоа. Вулверхемптон ја казни таквата наша игра и потоа беше ужасно тешко. Се извинувам што изгледавме толку лошо на почетокот. Потоа бевме подобри, на стартот од второто полувреме дури и одлични, но за жал не постигнавме гол, примивме уште еден од контранапад и тоа беше крај на приказната. Тој нивни трети гол не го ни бројам бидејќи за првпат излегоа од сопствената половина и веднаш погодија. Беше разочарувачки, но тоа е тоа“, изјави Клоп.

Се вчитува...