Клоп: Ова не е монопол, да трошиме пари што ги немаме

Ливерпул заврши одлична работа со ангажманот на Коди Гакпо од ПСВ Ајндховен, а „црвените“ во меѓувреме се поврзуваат и со ангажман на ново засилување за средниот ред. Како имиња се споменуваат Фернандез од Бенфика и Белингем од Борусија Дортмунд, но двајцата вредат над 100 милиони евра, буџет што Ливерпул го нема на располагање во моментов.

Свесен за тоа е и самиот Јирген Клоп, кој напомена дека доколку дојде нов играч до крајот на преодниот рок, тоа нема да биде прескапо засилување.

„Ова не е монопол, па да трошиме пари што ги немаме, или пак да имаме неограничени ресурси. Ние никогаш не сме функционирале на таков начин, ниту пак сакам сега да почнеме. Голем дел од мојата филозофија како тренер е да работиме со многу доверба во играчите кои ги имаме, а не цело време да им порачуваме дека ќе носиме нови засилувања за нивната позиција во тимот. Го доведовме Гакпо, а луѓето веднаш почнаа да прашуваат кој ќе биде следен и да споменуваат неверојатни цифри. Нашиот став е јасен – не може да трошите пари што ги немате, затоа – ако се случи да доведеме нов играч за средниот ред, тој мора да биде во рамките на она што го бараме – според фудбалските квалитети, но и според висината на трансферот“, дециден е Клоп.

Се вчитува...