Клоп планира мега-трансфер: Килијан Мбапе во Ливерпул, Садио Мане ќе биде продаден

Европскиот првак Ливерпул планира супер – засилување за навалната линија во летниот преоден рок. Менаџерот Јирген Клоп ќе се обиде да го доведе најталентираниот светски напаѓач, Килијан Мбапе од Пари Сен Жермен и за тоа е подготцен да го урне светскиот рекорд, со понуда од 250 милиони фунти. По информацијата дека Реал Мадрид бил во преговори со Мбапе, но трансферот ќе биде одложен до следното лето, медиумите во Велика Британија тврдат дека Зинедин Зидан е насочен кон Садио Мане.

За него Ливерпул бара 150 милиони фунти, а ќе вложи и дополнителни 100 милиони фунти и ќе ги понуди за ангажман на Килијан Мбапе. Втората варијанта е да понуди еден вид размена, Садио Мане во ПСЖ плус кеш за да го добие францускиот напаѓач.

Садио Мане има договор со Ливерпул до 2023 година, но најавите се дека би можел да си замине од „Енфилд Роуд“ по завршувањето на сезоната.

Се вчитува...