Клоп по новиот договор: Сопругата прва кажа, па како ќе си одиме одовде во 2024 година

Јирген Клоп денеска и официјално го стави потписот на новиот договор со Ливерпул, со што германскиот стратег ќе остане на „Енфилд“ најмалку до 2026 година.

Клоп успеа да го воскресне Ливерпул и да го врати на врвот на англискиот и на европскиот фудбал, па јасно е зошто владеее огромно задоволство меѓу фановите на „црвените“ од останувањето на трофејниот стратег. Првиот план на Германецот беше на истекот на стариот договор во јуни 2024 година тој да земе една година одмор, но на крајот се премисли, а значајна улога одиграла неговата сопруга Ула.

„Седевме со Ула во кујната и таа само кажа: Зарем навистина ќе ги напуштиме сите овие луѓе во 2024? Не ми се верува… И тогаш за првпат помислив на можноста да потпишам нов договор“, открива Клоп.

А штом тој покажал интерес за нов договор, веднаш на сцена стапиле челниците на клубот со конкретна понуда.

„Ми пријдоа и ми понудија нов договор, секако дека воопшто не стануваше збор за пари. Само се прашав самиот себе дали имам енергија за да продолжам да го правам ова што го правам. Одговорот ми беше јасен, па затоа и толку брзо се договоривме и потпишавме“, прокоментира Јирген Клоп.

Се вчитува...