Ливерпул изминатиот викенд доживеа нов изненадувачки пораз на домашен терен, откако тимот на Јирген Клоп загубија од Лидс Јунајтед со резултат 1-2.
Ова е прв овосезонски пораз на домашен терен за „црвените“, а моментално се деветти на табелата со 16 бода, исто толку колку и Кристал Палас.
Интересно, Ливерпул е на осум бода од местата кои што водат во Лигата на шампионите, додека од опасната зона го делат само пет бода.
„Играме на секои три дена. Ова е разочарувачка и болна сезона за нас, бидејќи имаме повреди од првиот ден, а со некои играчи брзавме да ги вратиме на терен. Мора да се бориме и ќе го направиме тоа. Жал ми е што ситуацијата е ваква. Ќе работиме на решенија. Мора да го погледнеме овој натпревар, да се обидеме да разбереме што се случи“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА