Клоп по првиот пораз: Па добро, ова не е најголемата катастрофа во историјата на човештвото…

Ливерпул го доживеа првиот пораз сезонава во Премиерлигата, и тоа со убедливи 3-0 на гостувањето против Ватфорд. Јирген Клоп и неговите играчи по 422 дена мораа да пружат рака на некој од своите ривали.

„Тие го направија токму тоа што го посакуваа, ние не. Така е тоа во фудбалот. Кај нив постоеше огромна желба и ние мора да го прифатиме сето тоа. Не е лесно, но тоа е доказ дека не бевме добри“ – истакна Клоп по натпреварот и дополни:

„Добро е што немаше некои блесави ситуации затоа што лесно во такви моменти некој може да се исфрустрира па да има и проблеми. Ако победите добро е, ако загубите обидете се да го направите тоа на вистински начин и да го поднесете поразот како луѓе. Во секој случај ова не е најголемата катастрофа во историјата на човештвото.“

Без разлика на поразот Ливерпул и натаму има огромни +22 бода во однос на Манчестер сити, кој има натпревар помалку.

Се вчитува...